Репрезентацијата на Англија е третата што обезбеди полуфинале на Европскиот фудбалски шампионат во Германија.
Англичаните во четвртфиналниот меч одигран во Дизелдорф ја совладаа Швајцарија со 5-4 на пенали (1-1) и се вброија меѓу четирите најдобри на првенството.
По досадното прво полувреме во кое видовме спорадични напади на двете селекции, второто далеку поинтересно.
Вистинските возбудувања дојдоа во завршните 25 минути. Ова откако Швајцарците во 75-тата преку Емболо поведоа со 1-0. Тоа како да ги разбуди Англичаните кои брзо стигнаа до израмнување. Во 80.минута со одмерен и прецизен удар Бакајоко Сака ја погоди мрежата на Сомер за израмнување на 1:1.
Во продолжението на натпреварот Англичаните повеќе ја контролираа играта, но јалови беа нивните обиди да стигнат до втор погодок. Во 117-тата минута Шаќири се обиде диретно од корнер, но ја погоди гредата од голот на Пикфорд.
Во пенал „рулетот“ уште во првата серија Пикфорд го одбрани ударот на Аканџи, а сите по него погодија, па Англија славеше со 5-4 (вкупни 6-5)
Кош ќе биде противник на Англија во полуфиналето, ќе дознаеме вечерва по мечот Холандија – Турција.
Првиот полуфинален пар го сочинуваат Шпанија и Франција.