Франција и Шпанија, е првиот полуфинален пар на Европското фудбалско првенство. Ова откако Французите го доби вториот четвртфинален меч совладувајќи ја Португалија.

На дуелот одигран во Хамбург, Триколорите славеа по подоброто изведување на пенали со 5-3 откако по 120.минути игра немаше голови.

Не дека двете селекции не создадоа шанси, ги имаше на двете страни. Сепак ефикасноста изостанаа, но и голманите беа на висина на задачите.

Во пенал „рулетот“ поуспешни беа Французите кои реализираа четири удари, додека кај Португалија трагичар беше Жоа Феликс кој во третата серија, ја погоди стативата.

Противник на Франција во полуфиналето ќе биде Шпанија која го елиминира домаќинот Германија.

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме утре по дуелите Холандија – Турција и Англија – Швајцарија.