На задоволство на домаќинот, репрезентацијата на Германија e вториот патник во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство. На осминафиналниот натпревар во Дортмунд, кој мораше да биде и прекинат поради невреме, Германија ја совладаа Данска со 2:0.
Германците доминираа во првиот дел, можеа да постигнат најмалку 2-3 гола. Сепак, данскиот голман Шмајхел беше најголемиот „виновникот“ што првиот дел заврши без голови 0:0.
Во 49-тата минута Андерсен успеа да го совлада Ноер, но по сугестија од ВАР собата, голот беше поништен поради офсајд. На голот му претходеше и прекршок врз Дилејни за пенал, но судиите тоа не го проверуваа.
Затоа, шеесетина секунди подоцна, на спротивната страна, Мајкл Оливер се реши да покаже на белата точка. Сигурен реализатор беше Каи Хаверц, за водство на Германија од 1:0.
Веќе во 58-та минута Хаверц имаше огромна шанса за втор гол. Изби сам пред Шмајхел, но неговиот обид заврши крај данскиот гол.
Затоа во 68.минута од идентична ситуација Мусијана не згреши, па Германија поведе со 2:0.
Тоа подоцна се покажа како конечен резултат на натпреварот, па Германија и се приклучи на Швајцарија меѓу осумте најдобри.
Кој ќе биде противник на Германија во четвртфиналето ќе дознаеме утревечер по дуелот Шпанија – Грузија.