Еурофарм Пелистер повторно добива шанса за настап во Лига на шампиони. Битолчани втора сезона по ред ќе се натпреварува во елитната лигата, ова го потврдија од клубот.
Имено, ЕХФ го прифати барањето на зелено-белите за учество во Лигата на шампионите.
Покрај Е. Пелистер мето добија и екипите на Загреб, Нант, ПИК Сегед, Киелце и Динамо Букурешт.
Сега во таборот на Еурофарм Пелистер ќе го чекаат 27 јуни (четврток) за кога е закажана ждрепката во Виена.
Минатата сезона битолчани имаа неславен настап, бидејќи ги загубија сите 14 натпревари. Но претстојната со искуство повеќе сигурно ќе се обидат тоа да не се повтори и да ги израдуваат своите навивачи со победа(и).