Екипата на Реал Мадрид е новиот европски клупски шампион во фудбал. Во големото финале од Лигата на шампионите одиграно на „Вембли“ во Лондон, Реал ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0.
Борусија има за што да жали
„Милионерите“ беа поконкретни во првиот дел, создадоа неколку шанси, но останаа без реализација. Голема шанса да го отвори резултатот имаше Филкруг кој во 22-та минута ја погоди стативата од голот на Реал.
„Милионерите“ беа поконкретни и постојано го загрозуваа голот на Куртоа. Се обиде и Сабицер од далечина во 42.минута, но голманот на Реал беше на вистинското место.
Реал одигра „пеколно“ во вториот дел
На стартот во второто дел, конечно Реал се закани. Во 44-минута Тони Крос изведе одличен слободен удар, но Кобел со прекрасна парада успеа да одбрани. Во тек беше 63-тата минута кога Филкруг повторно се закани, а Куртоа уште еднаш фантастично одбрани и не дозволи водство на Борусија.
Пропуштените шанси пред голот на Куртоа, беа казнети во 73-тата минута. По корнерот на Тони Крос, ветеранот Дани Карбахал со одмерен удар со глава ја затресе мрежата на германскиот тим, за водство на Реал од 1-0.
Тоа им даде „крила“ на „Кралевите“ кој за краток период пропуштија три големи шанси. Само три минути подоцна, Белингам од идеална позиција биеше крај голот на Кобел. Шјавцарскиот голман беше брилијантен и со своите одбрана го спаси голот, по обидот на Тони Крос, Камавинга и Начи (89, 80 и 81.минута).
Но немаше шанси да направи ништо повеќе во 83-тата минута кога сам пред него излезе Винициус кој ја затресе мрежата за 2-0.
Во 87-мата минута Фикруг успеа конечно да го совлада Куртоа, но неговата и радоста на навивачите на Борусија кратко траеше. Голот беше поништен поради офсајд.
Така Реал по само една година пауза, повторно во своите витрини го врати шампионскиот трофеј. Во 18-то финале „Кралевите“ стигнаа до 15-тиот трофеј во елитното натпреварување.
Борусија Дортмунд во своето трето финале не успеа да го освои вториот трофеј, откако „Милионерите“ триумфираа во 1997 со победа над Јувентус во Минхен“.