Вториот од трите турнири во годинашната Европска Златна лига е значаен за македонските одбојкари.

Македонските одбојкари во Беверен, Белгија, може да почувствуваат, како е да се подготвува натпревар со фаворитската улога. Тоа важи за црвено-жолтите во дуелот против Азербејџан.

„За мене Азербејџан ќе биде вистинската проверка пред квалификацискиот натпревар со Грузија.

Тоа се две изедначени репрезентации, ние ги победувавме во минатото, но тоа не мора ништо да значи и затоа треба добро да се подготвиме.

За нас најважно да не правиме грешки. Мислам дека тоа ќе биде доволно за да го совладаме Азербејџан“,

вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Противникот има комбиниран состав според возраста, шестмина се родени пред 2000-та, но и повозрасните не се ветерани.

Вчера нашиот противник го претрпе третиот пораз, откако беше совлада од домаќинот на овој турнир Белгија со 0:3. Белгијците ќе бидат противници на македонските одбојкари во следната рунда закажана за утре.

Денешниот меч меѓу Македонија и Азербејџан ќе почне од 17 часот.