Фудбалерите на Тиквеш со освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, за прв пат му донесоа пехар на Кавадарци.
Кавадарчани и популарните „Лозари“ ги имаше во голем број на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, во финалето против Воска спорт.
Радоста продолжи и во Кавадарци до доцна во ноќта каде се славеше најголемиот успех во историјата на клубот.