Екипата на Далас со победа ја почна финалната серија против Минесота. Иако во регуларниот дел од сезоната Тимбервулфс победија на три од четирите меѓусебни дуели, Далас со победа го почна плејофот.

Маверикс победија на гостувањето во Минеаполис со 108:105 и со „брејк“ ја отворија финалната серија во Западната конференција/

До победата Маверикс ги водеа Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ. Кајри одигра фантастично во првото полувреме, а Лука во четвртата четвртина.

Минесота имаше предност од 102:98 на три и пол минути пред крајот, но со тројките на Дончиќ и ПЈ Вашингтон, а потоа и новиот кош на Лука, Далас целосно ја презеде контролата врз резултатот.

Кај Далас Дончиќ постигна 33 поени со осум асистенции и шест скока, а Ирвинг 30 поени и пет скока.

За Тимбервулфс, Џејден Мек Даниелс заврши со 24 поени (6/9 тројки), а Ентони Едвардс додаде 19 поени, 11 скока и осум асистенции (5/12 тројки).

И следниот натпревар ќе се игра во Минесота во сабота наутро од 2:30 часот.