Фудбалските возбудувања во Првата македонска фудбалска лига продолжуваат во недела со два натпревари од дванаесеттото коло. На програмата се две интересни пресметки во Скопје и во Штип, додека останатите три дуели се играат во понеделник.

Неделната програма започнува во 12 часот со дуелот меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Тиквеш.

Кавадарчани играат во одлична форма и моментално се на четвртата позиција на табелата со 20 освоени бода. Тиквеш не знае за пораз на последните 10 натпревари (првенствени и куп), а последен пат загубија од тетовска Шкендија на 15 август (3.коло). Домаќините од Арачиново имаат 14 бода на шестото место Со победата над Башкими во Купот, арачиновци ја прекинаа серијата од четири натпревари без победа (три порази и реми).

Вториот неделен натпревар е закажан за 14:30 часот под „Исарот“, каде составот на Брегалница го пречекува лидерот Шкендија.

Тетовските црвено-црни се наоѓаат на врвот на прволигашката табела со 24 бода и само еден пораз сезонава. Штипјани со мотив влегуваат во овој меч по гостинскиот триумф над Арсими од 4:3 во претходното коло, но и елиминацијата од Купот на Македонија. Брегалница моментално е седмопласирана со 13 бода и ќе бара изненадување пред својата публика против фаворитот од Тетово.

Колото ќе се комплетира во понеделник со преостанатите три средби од оваа рунда во елитата. Во фокусот на вниманието ќе биде големото дерби меѓу третопласираниот Вардар и второпласираната Струга Трим Лум од 14:00 часот. Претходно од 12:00 часот играат Скопје и Силекс, додека во 14:00 часот силите ќе ги одмерат Башкими и Арсими.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање