Четворица од петмината најдобри играчи во сезоната на НБА лигата се странци. Во „идеалната“ прва петорка има само еден Американец.

НБА лигата ги објави имињата на играчите кои ги сочинуваат трите најдобри петорки во тековната сезона. Кошаркарот на Бостон „Селтик“, Џејсон Тејтјум е единствениот Американец во првата петорка.

Во неа очекувано се Балканците, Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас) и Јанис Антетокумпо (Милвоки), како и Канаѓанецот, Шај Џилуус Александер (Оклахома). Единствената промена од мината сезона е што го нема ланскиот МВП, Џоел Ембид, но сега во неа е годинашниот Никола Јокиќ.

Воедно именувани се и втората и третата петорка.