Екипата на Алкалоид е новиот освојувач на трофејот во кадетската лига. Алкалоид во финалето го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 31:22.

Во првите десетина минути од натпреварот се играше нерешено и изедначено. Алкалоид со серија 4-0 успеа во 18-тата минута да поведе со 13:6. Па така тие успешно ја одржуваа оваа предност до крајот на првата половина. На полувреме Алкалоид замина со позитива од 18:9.

Второто полувреме беше формалност со оглед на позитивата која ја имаше создадено Алкалоид. Домаќинот во во 38-та минута стигна и до најголемата предноста +10 (23:13), за на крајот да слави со 31:22.

АЛКАЛОИД ЛЕНСО ДО ШАМПИОНСКИОТ ТРОФЕЈ

Кога во прашање е распределбата на шампионските трофеи во младинскиот македонски ракомет, сезонава екипите од Автокоманда доминираат. Пред кадетите, со злато се закити и пионерската екипа на Алкалоид, а кај младинците триумфираше Мулти Есенс.

Третото место го освои екипата на Струга откако го победи Бисинов со 35:33.

Претходно во полуфиналето Алкалоид го совлада тимот на Струга со 26:15. Во второто полуфинале Еурофарм Пелистер 2 и Бисинов одиграа интересен и неизвесен натпревар кој беше решен во последната секунда. Пелистерци се радуваа со 27:26.

ГОЛ ОД ЦЕНТАР на 3.СЕКУНДИ ПРЕД КРАЈОТ, ЗА ПОБЕДА НА Е.ПЕЛИСТЕР

Ивона Кимовска