Смо два дена остануваа до стартот на натпреварите од одбојкарската Европска Златна лига.
Македонската машка селекција, која минатото лето не израдува со одличниот настап на Европскиот шампионат, по втор пат ќе настапува во Златната лига.
Натпреварите во ова натпреварување, ќе бидат своевидно загревање за главното што претстои летово. Тоа ќе бидат мечевите во квалификациите за Европското првенство, преку кои македонските одбојкари ќе се обидат да го продолжат континуитетот на настапи.
Првиот турнир од Европската златна лига е во Струмица од петок до недела (17-19 мај), а ќе се игра по еден натпревар дневно. Одбојкарската федерација реши цената на картите да биде симболични 100 денари кога игра Македонија, а в сабота влезот е слободен.
На првиот меч, в петок, Македонија ќе игра против Естонија, а во недела против Чешка. Натпреварите ќе почнуваат од 20.15 часот.
Комплетниот распоред на натпреварите во Златната лига и квалификациите за ЕП може да ги видите во продолжение.