Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, се рехабилитираа од неуспехот во АБА2 лигата. Аеродромци попладнево, пред малубројната своја публика, лесно го совладаа ТФТ.

Во вториот меч од полуфиналето на плејофот, МЗТ славеше со 91-67 со што поведе со 2:0 во победи.

Од самиот почеток, домаќините ја контролираа играта, не му дозволуваа на противникот лесно да поентира. Уште по првите 10.минути сино-белите го најавија триумфот остварувајќи 14 поени предност. На полувремето МЗТ имаше убедливи +21 (50-29). Се што сторија гостите од Тафталиџе е да намалат на 13 разлика, за на крајот резултатот да гласи 91-67 за МЗТ.

Најефикасен во победничката екипа беше Босанецот, Делалиќ со 20, додека Војдан Стојановски постигна 15. Во поразената екипа Верц со 15 поени беше прв стрелец.

Актуелниот првак МЗТ сега го дели една победа од пласман во финалето. а првата можност за тоа ќе ја има викендов во СЦ „Кале“.