Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев со екипата на АЦХ Волеј ја освои титулата во словенечкиот одбојкарски шампионат.

Во третиот натпревар од големото финале, одиграно во салата Тиволи во Љубљана, домашниот состав по голема борба ја одбрани титула.

Екипата на АЦХ Волеј по речиси два и пол часа игра славеше над Калцит Волеј со 3:2 во сетови.

За овој тим ова беше 20-ти пат ја освои титулата, а воедно ова беше трета последователна титула на тимот на Ѓоргиев во словенечкиот шампионат.