По двата порази на гостувањето во Њујорк, кошаркарите на Филаделфија славеа победа во четвртфиналната серија на Источната конференција. Во ефикасен натпревар одигран пред своите навивачи „76-ките“ ги победија „Никси“ со 125-114.

Први имиња на натпреварот очекувано беа Џоел Ембид и Џејлен Бронсон.

Ембид беше предводник на Филаделфија во оваа победа со 50 постигнати поени на кои додаде 8 скокови и четири асистенции. На другата страна Бронсон заврши со двоен ефект со 39 поени и 13 асистенции.

Филаделфија намали на 1:2 во победи, а моќност да израмни ќе има во недела (19 часот) повторно на домашен терен.

И екипата на Орландо стигна до првата плејоф победа. „Меџикс“ на домашен терен го победија Кливленд со 121:83  и го намалија водство на „Кавс“ на 1-2 во серијата подобар до четири триумфи.

Паоло Банкеро со 31 поен и 14 скока и Џејлен Сугс со 24 поени беа првите стрелци во победничката екипа. И следниот натпревар овие два тима ќе го одиграат во Орландо веќе во утре (сабота) од 19 часот.