Одбојкарите на Струмица се старо-новите шампиони во машката прва одбојкарска лига на Македонија.
Тие во 4-от меч во финалето беа подобри од Штип УГД со 3-1 во сетови и со 3-1 во победи ја одбранија шампинската титула во елитната машка лига.
Четврттиот меч се одигра во Штип и дури во третиот обид конечно го победија домашниот состав на Штип УГД кој не знаеше за пораз од Струмица на последните две средби во салата ,,Јордан Мијалков,,.
Првиот сет го доби Струмица убедливо со 15-25, а во вториот при резултат 21-19 за Штип УГД со серија од 6-0 Струмица стигна до резултат 21-25 за водство од 2-0 во сетови.
Во третиот сет домаќините конечно заиграа како што посакуваа и го решија во своја полза со 25-21 за намалување на 1-2 во сетови.
Сепак гостите од Струмица одлично го започнаа 4-от сет и уште на стартот поведоа со 3-8. Таа разлика ја сочуваа до крајот и на крајот стигнаа до победа од 17-25 за конечни 1-3 во сетови и крај на финалната серија.
За одбојкарите на Струмица 47&72 ова е 11-та шампионска титула во нивната клубска историја.
За одбојкарите на Штип УГД во првото свое финале останува второто место и сребрениот медал, но и Куп пехарот оваа година.