Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа го почнаа новиот циклус на квалификации, овој за Европскиот шампионат 2025-та година во Швајцарија.
Македонските фудбалерки попладнево во Рига на гостувањето кај Летонија славеа победа со 4-3.
Иако домаќинките поведоа први уште во седмата минута, во продолжението следуваа три гола во мрежата на Летонија. Во 17.минута Рочи израмни на 1-1. Македонската капитенка Наташа Андонова, беше најзаслужна за пресвртот. Во 25.минута по нејзиниот корнер од десната страна Роцане си постигна автогол, но веќе во 31-та минута Андонова од идентична ситуација го погоди голот.
Во второто полувреме односно 63.минута Летонија преку Полуховица намали на 2-3. Сепак шест минути подоцна (69) Милчевска ја врати предноста од два гола. До крајот на натпреварот, Летонците постигнаа гол преку Миксоне (76) за конечни 4-3 за Македонија.
Ова беше натпревар од 1.коло на Ц2 конкуренцијата. Покрај Летонија, противници на Македонија во оваа група се и селекциите на Словенија и Молдавија,
Веќе во вторник (9 април – 15 часот) македонските фудбалерки на домашен терен ќе играат против Словенија.