Откако вчера МЗТ Скопје и Гостивар ја отворија првата рунда од плејофот денеска ќе се играат првите натпревари на постанатите три дуели.

Екипите кои беа подобро рангирани во лигашкиот дел од сезоната, ќе ја имаат предноста на домашниот терен.

Работнички ја има улогата на фаворит во „пресметките“ со Феникс. Истото може да се каже и за Пелистер иако за противник го има кавадаречки Еуро Никел. Затоа пак најнеизвесно се очекува да биде во скопската пресметка. Во неа, ќе играта четврто и петто рангираните Чаир и ТФТ.

Четврт финалната рунда се играа до три победи или максимални пет натпревари.

И квартетот на тимови кои се бодат за опстанок ги имаат првите од шесте предвидени натпревари. Вчера Академија ФМП славеше на гостувањето кај Охрид, а денеска во Гевгелија кај Кожув гостува Вардар.

Последните два тима по шесте одиграни кола ќе се преселат во Втората лига.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (прв натпревар)
сабота

18.00 (2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
19.00 (3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 (4) ЧАИР – ТФТ
петок
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 87-68 (1:0 во победи)
*Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА
Сабота
18.00 КОЖУВ – ВАРДАР
Петок
ОХРИД – АКАДЕМИЈА ФМП 89-93
ТАБЕЛА: Академија ФМП 28, Кожув 27, Охрид 27, Вардар 25