Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа победа на Баерн во германското „Дер Класикер“.
„Милионерите“ славеа на гостувањето во Минхен со 2-0 и ги оддалечија Баварците од одбраната на титулата.
Уште во 10-тата минута Адејеми најави дека на домаќините нема да им биде лесно на овој меч. Иако Баерн се трудеше да стигне до израмнување, сепак во тоа не успеа. Напротив. Во самиот финиш односно 83.минута Рајерсон го репи победникот за триумф на Борусија со 2-0.
По овој пораз, но и победата на Баер Леверкузен против Хофенхајм, екипата на Баерн сега заостанува 13 подови зад „фармацевтите“. Борусија се проби на четвртата позиција пред Лајпциг кој денеска одигра без голови со Мајнц.