Астон Вила на домашен терен рутински го совлада Волвс со 2:0 во 30. коло од англиската Премиер лига.

Поседот на топката беше на страна на домаќините во текот на целиот натпревар, но повеќе шанси имаа Волфс во првиот дел.

Сепак, Муса Диаби успеа да му донесе водство на својот тим од 1:0. Во 36-тата минута на ефектен начин ја погоди мрежата на Жозе Са.

Англискиот репрезентативец, Езри Конса, одлично беше со глава и зголеми на 2:0 во 65-тата минута.

Конечниот резултат остана 2:0.