Со натпреварите одиграни попладнево во Скопје и Кавадарци, започна 25-тото коло во Првата фудбалска лига.

Во дуелот на некогашните шампиони, Шкупи го надигра Вардар и го совлада со 3-0.

Во првиот дел чаирчани беа далеку подобар противник од вардарци. Имаа неколку шанси особено оние во финишот, кога и пречката беше сојузник на Гачевски. Сепак вардарци не можеа да се одбранат во вториот дел. Бразилецот, Дуду во 54-тата го отвори резултатот. Трапановски во 68.минута зголеми на 2-0, а Гронер во 77-та беше стрелец за 3-0. Во меѓувреме, Вардар остана и со играч помалку, откако во 64.минута Ристовски заработи црвен картон, а во 80-тата Рватубаје заработи црвен кај домаќините.

Во Кавадарци, Тиквеш и Силекс одиграа „мирољубиво“ без победник 1-1. Домаќините, поточно Даноски во 10-тата минута пропушти голема шанса да му донесе предност на Тиквеш. Не бранет од никого од само 4-5.метrи бише крај немоќниот Божиновски кој имаше многу среќа. Сепак по девет минути игра во вториот дел Даноски ја искористи не решителноста на гостите и му донесе водство на Тиквеш од 1-0. Кога кавадарчани очекуваа крај на мечот и освојување на трите бода во судиското дополнение дојде израмнувањето. За тоа се погрижи Марко Ѓорѓиевски со прекрасниот гол со глава.

По овие резултати, барем до утре Шкупи се израмни со Струга ТЛ на врвот на табелата со по 51 освоен бод. Силекс ја сочува четвртата позиција и предноста во однос на Тиквеш кој заостанува три бода.

Утре на програмата се останатите четири натпревари, сите со почеток од 15 часот.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 25.КОЛО
сабота

ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1
недела (15 часот)
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore