Њукасл со неверојатен пресврт во самиот финиш триумфираше над Вест Хем на „Сент Џејмс Парк” со 4:3.

Харви Барнс беше клучната замена на Еди Хоу бидејќи ги постигна двата погодоци за комплетирање на пресвртот.

Александер Исак одлично го изведе пеналот и му донесе водство на домаќинот уште во 6-тата минута, но до крајот на првиот дел Вест Хем со головите на Микаил Антонио во 21-та и Мохамед Кудус во 45+10 минута дојде до пресврт.

На 3:1 зголеми Џерод Боувен во 48-та минута и им ги намали шансите на Њукасл.

Надежта на домаќините им ја врати Исак кој одлично го реализираше својот втор пенал на натпреварот за 2:3.

Комплетниот пресврт на Њукасл му го донесе Харви Барнс со головите во 83-тата и 90-тата минута за 4:3.