Тотенхем со пресврт над Лутон дојде до победа од 2:1 на стадионот во Лондон. Сон беше херојот на домаќините постигнувајќи го погодокот за победа во 86-тата минута.

Гостите од Лутон дојдоа до водство од 1:0 уште во 5-тата минута од натпреварот по прецизниот удар на Тахит Чонг. Иницијативата на Тотенхем до крајот на првиот дел не го промени резултатот.

Неспретната реакција на Иса Каборе му донесе изедначување на домаќинoт на 1:1 во 51-та минута.

Избраниците на Анте Постекоглу дојдоа до целосен пресврт од 2:1 во 86-тата минута, а заслужен за тоа беше Хуенг Мин Сон кој прекрасн биеше за водство и победа на својот тим.

Со оваа победа Тотенхем се искачи на четвртата позиција со 56 освоени бодови. Исто толку има и петтопласираната Астон Вила, која вечерва со почеток од 18:30 часот ќе ги пречека Волвс на домашен терен.