Со двата натпревари одиграни попладнево во Скопје и Куманово стартуваше 15. коло во ПМФЛ. Ангелов со два гола му доинесе победа на Скопје во Куманово, а на Чаир немаше голови.
Фудбалерите на Скопје повеќе не се на дното на првенствената табела. Ова откако врзаа две победи во низа. Во претходното коло тие го совладаа Арсими, а денеска беа подобри на гостувањето кај Башкими со 1-2.
По мирното прво полувреме, во второто беа постигнати трите гола, а двоен стрелец беше Виктор Ангелов. Тој за само две минути , два пати успеа да ја затресе мрежата на приватникот. Резултатот го отвори во 58. минута по асистенција на Петков, а веќе во 60-тата зголеми на 0-2 за гостите.
Надежта за домаќините во 85. минута ја врати Теодор Мирчевски кој намали на 1-2. Иако кумановци, постигнаа уште еден погодок, тој беше поништен поради офсајд, па скопјани можеа да се радуваат на втората првенствена победа.
На калливиот терен во Чаир, дуелот меѓу арачиновска Шкендија и штипска Брегалница, заврши без победник, но и без голови 0-0.
Дерби натпреварите ќе се играат утре во Кратово и Кавадарци.
Лидерот на табелата Струга Трим Лум ќе му гостува на Силекс во терминот од 12 часот, за кога е закажан и натпреварот меѓу Арсими и Вардар. Еден час подоцна (од 13), во Кавадарци ќе се сретнат второто и трето пласираните екипи на табелата Тиквеш и тетовска Шкендија.
Сега на дното на табелата е Арсими со 10 бодови колку што има и Скопје пред него, а Башкими е осми со 14. На седмото место остана штипска Брегалница која сега има 15 бодови.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























