Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Широки Бријег го заврши лигашкиот дел во АБА2 конкуренцијата. Во последниот натпревар и тоа во Широки Бриејг, аеродромци се поразени од истоимениот домашен тим со 82-79.

Навидум, гледајќи го резултатот, се стекнува впечаток дека натпреварот беше неизвесен, но не беше така. Домашниот состав доминираше 35.минути имаше и убедливи 24 поени предност. Дојде до големо опуштање, па на крајот стравуваа за победата. Сепак предоцна беше будењето на аеродромци во кое помладите го направија поразот „по прифатлив“ ако може таков да биде, а не е.

Со овој пораз, а вкупно пет, МЗТ заврши како петто пласиран на табелата. Со тоа МЗТ пропушти шанса директно да обезбеди бараж со најслабо рангираната екипа од АБА1 лигата.

Аеродромци сега по потешкиот пат ќе треба да се изборат за вражање во елитната конкуренција на АБА лигата. Ќе мора да ја минат четвртфиналната рунда за да обезбедат „втора шанса“ бараж.

Тие во четвртфиналето ќе играат против истиот, денешен, противник Широки Бријег. Првиот од двата натпревари ќе се игра во Скопје, а реваншот на теренот на противникот. Во случан екипите да остварат по една победа, кош разликата ќе решава за пласман во полуфиналето.

Во него МЗТ евентуално би играл со подобриот од дуелот меѓу Спартак и Хелиос.

Според календарот, четвртфиналните натпревари треба да се играат на 10 и 17 април.

АБА2 ЛИГА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
🔵 (1) СПАРТАК – (8) ХЕЛИОС
🔴 (2) ВОЈВОДИНА – (7) СУТЈЕСКА
🔴 (3) ЗЛАТИБОР – (6) ПОДГОРИЦА
🔵 (4) ШИРОКИ БРИЈЕГ – (5) МЗТ СКОПЈЕ
ПОЛФИНАЛЕ
🔵 Спартак/Хелиос – Широки Бријег/МЗТ Скопје
🔴 Војводина/Сутјеска – Златибор/Подгорица