Одбојкарите на Штип УГД испишаа историја освојувајќи го првиот трофеј. Во финалето на Купот на Македонија, а на задоволство на својата штипска публика, УГД во пет сета ја совлада Струмица со 3:2.
Супер интересно финале одиграа одвие два тима во кое бранителот на трофејот два пати имаше предност сет.
Поен за поен се играше до 7-7, во првиот, по што Струмица освои три поени во низа (10-7). Сo уште една серија бранителот на трофејот ја зголеми предност ана +4 (19-15), а потоа и на недостижни +5 (21-16). Таквата предност не ја испуштија фаворитите, па првиот сет го добија со 25-22.
И вториот сет налик на првиот. Но, во него подобри беа домаќините. По 11-11, штипјани направија серија 7-1 и предност од пет поени 17-12. Таквата предност знаеја како да ја одрекуваат, па добивајќи го сетот со 25-22 израмнија на 1:1.
Во третиот сет бранителот на трофејот од два негатива (13-15), направи „страшна“ серија од 11-1 (24-16). Сетот го освои со 25-19, за водство од 2:1.
Штипјани не се откажаа. До средината на четвртиот сет беше израмнето 13-13. Клучната предност домаќините ја направија во финишот кога создадоа четири поени предност, која ја сочуваа до крајот. Штип УГД го доби сетот со 25-21, а израмни на 2:2.
Драмата кулминираше во петтиот сет. По водството на штипјани 10-6, струмичани се вратија во игра и израмнија на 13-13. Сепак немаа сили докрај да го направат пресвртот па Штип го доби сетот со 15-13, а мечот со 3:2 во сетови.
Со тое штипјани ја прекинаа доминацијата на Струмица кој го бркаше јубилејниот 10-ти трофеј во Купот на Македонија.
Потсетување дека кај дамите, екипата на Струмица жени го освоија трофејот.