Одбојкарките на Струмица жени се шампионки во овогодинешниот Куп на Македонија што се одржа во Штип.
Тие во финалето со убедливи 3-0 во сетови за помалку од 90 минути го победија тимот на Јанта волеј, по сетови 25-20, 25-11 и 25-14.
Само во првиот сет се играше израмнета одбојка во кој финишот им припадна на Струмичанки кои го добија со 25-20.
Во следните два сета доминираа одбојкарките на Струмица жени кои ги искористија многуте грешки на Јанта волеј и сосема заслужени стигнаа до победата од чисти 3-0 во сетови.
Со победата во финалето тимот на Струмица жени стигна до својата прва титула во Купот на Македонија во својата историја.
За тимот на Јанта волеј кои го играа своето 6-то финале остана едната куп титула во 2021 година.
Денеска се игра и машкото финале каде од 15 часот ќе се сретнат домаќинот Штип и Струмица.