Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Тиквеш вчера го потврдија својот пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Денеска ќе ги дознаеме преостанатите две екипи во машка и сите четири тима во женска конкуренција што ќе се борат за трофејот.

Кај мажите, Вардар и Алкалоид ги имаат улогите на фаворити. Бранителот на трофејот Вардар за противник ќе го има тимот на Голден Арт, а вицешампионот Алкалоид на свој терен игра против Бутел.

Кај дамите сите четири финални натпревари во групата фаза се играат денеска. Најинтересно се очекува да виде во Куманово. Бранителите на трофејот од лани ракометарките на Куманово го пресекуваат тимот на Металург Автокоманда.

РАКОМЕТ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА

ЖЕНИ
13.00  ВАРДАР – ДЕСПИНА 
14.00 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ А. (сала, Перо Наков)
15.00 ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (сала, 7-ми март)
16.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР
МАЖИ
17.00 ВАРДАР – ГОЛДЕН АРТ (сала Јане Сандански)
18.00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ (сала, Автокоманда)