Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија е во Анталија, каде утре ќе го одигра вториот контролен, пријателски натпревари.

По „ремито“ со Молдавија 1:1 селекторот Благоја Милевски очекува поквалитетна игра во дуелот со Црна Гора која секако е подобар противник од Молдавците. 

„Нé очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови.

Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација.

Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари.
Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“,
истакнува Милевски.

Натпреварот Македонија – Црна Гора што ќе се игра утре ќе почне во терминот од 18 часот.