Кошаркарите на Пелистер се поразен од црногорската екипа Подгорица во натпревар од 12.коло на АБА2 лигата.
Пелистерци одиграа одлични три четвртини кои ги добија. Но, се „прокоцкаа“ во последните девет минути. Имаа на стартот на последниот период и 12 поени разлика. а на крајот загубија со 81-86.
Така залуден остана дабл-дабл ефектот на Андреј Маслинко со 24 поени и 10 скокови, како и 19-те поени на Кланиниќ.
По овој пораз Пелистер си ги намачи шансите за влез во плејофот. Сега го последното коло ќе треба да го совладаат водечкиот Спартак Суботица, но и да чекаат исходи од натпреварите на конкурентите.
Пелистер кој е 10-ти на табелата, сега има ефект од 5 победи и 7 порази, како и Борац Бања Лука и Хелиос. кои се пред него.
Вечерва (21 часот) останува да се одигра уште натпреварот меѓу ТФТ и Војводина.