Македонското дерби во АБА2 лигата го добија кошаркарите на МЗТ Скопје кои во дуел од 11.коло славеа на ТФТ. На последниот турнир во лигашкиот дел што се одржува во Широки Бријег, актуелниот македонски шампион славеше над градскиот ривал со 95-69.
Уште во раната фаза на натпреварот, аеродромци ја најавија победата. Брзо направија двоцифрена предност 13-3. Во продолжението тимот од Тафталиџе единствено што успеа да направи е да намали на -6. Но, до крајот на полувремето сино-белите повторно имаа двоцифрена позитива (52-39). По 30.минути игра МЗТ имаше и 20 поени предност, па завршните десет беа чиста формалност.
И во второто полувреме иста слика, па рутинирано МЗТ славеше со 26 поени разлика 95-69.
Баковиќ со 20 и Делалиќ со 17 беа најефикасните во победничката екипа. Кај ТФТ, Верц со 14 поени беше прв стрелец.
Ова беше осмата победа за МЗТ кој се израмни со Војводина и Златибор, а трите тима имаат една победа помалку од водечката Суботица
Во следното коло, во четврток прв на теренот ќе излезе битолски Пелистер кој ќе игра против Подгорица во терминот од 18 часот, а потоа од 21 часот
ТФТ за противник ќе ја има Војводина. МЗТ Скопје својот натпревар против Златибор ќе го игра во петок од 15 часот.