По завршувањето на последниот, спектакуларен, натпревар во четвртфиналната рунда во ФАК Купот во кој Јунајтед го совлада Ливерпул со 4-3, беше извршена ждрепката за полуфиналето.

Градските ривали од Манчестер, се избегнаа меѓусебно, па постои можност, Сити и Јунајтед како и лани повторно да се сретнат во дуелот за трофејот.

Манчестер Јунајтед има поповолна ждрепка на патот кон финалето. „Црвените ѓаволи“ за противник ќе го имаат второлигашот Ковентри.

Во второто полуфинале, бранителот на трофејот и актуелен шампион Манчестер Сити ќе игра против лондонските сини, тимот на Челзи.

Двата натпревари ќе се играа на стадионот „Вембли“, викендот на 20-ти и 21-ви април.