Натпреварите во одбојкарскиот шампионат на Македонија полека ќе ја достигнуваат својата кулминација. До крајот на лигашки дел, во женска конкуренција, остануваат уште три натпревари. По нив ќе следуваат Куп дуелите, па плејофот, односно разигрувањето за титулата.

Јасно е дена екипите на Струмица и Јанта волеј ќе ги имаат првите две стартни позиции, но кои ќе бидат нивните противници може да дознаеме вечерва.

Имено, во Струмица вечерва ќе играат одбојкарките на Наковски волеј и актуелниот шампион Работнички.

Двете екипи во овој дуел ќе влезат со идентичен учинок со по 10 победи и 8 порази. Победникот од овој меч ќе биде третопласиран и во полуфиналето на плејофот ќе ја избегне екипата на Струмица која 19 натпревари забележа 18 победи.

ОДБОЈКА ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (ЖЕНИ) – 5.КОЛО
понеделник

19.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ
сабота
ЈАНТА ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА 2-3

ТАБЕЛА: Струмица жени 18-1, Јанта волеј 13-6, Работнички Скопје 10-8, Наковски волеј 10-8.