Во интересен натпревар со четири погодоци, Монако го доби дерби натпреварот против лидерот на табелата Парис Сен Жермен со 3-1.
Натпреварот кој важеше за деби на колото помеѓу четвртопласираниот Монако и првопласираниот ПСЖ ги оправда очекувањата и донесе многу возвудување за на крајот избраниците на Филип Клемент со победа да се пробијат на втората позиција и да го намалат заостанокот зад лидерот ПСЖ.
Александар Головин уште во раната фаза на натперварот, во четвртата минута донесе предност за Монако. Момците на Филип Клемент тргнаа фуриозно и по втор гол за да веќе во 18-тата минута преку Бен Једер дојдат до предност од 2-0.
Тимот на ПСЖ се обиде да се врати во натпреварот, преку Заир Емери да намали во 39-тата минута на 2-1, но само 6 минути подоцна, Бен Једер со вториот погодок, повотрно донесе предност од два гола, 3-1 на полувреме.
Галтиер се обидуваше преку измени да го смени ритамот на натпреварот, но отсуството на Меси и Мбапе беше видиливо, па ПСЖ немаше сила за ништо повеќе.
Тимот на Монако со оваа голема победа дојде на 47 бода, и моментално втора позиција, каде ќе биде барем до вечерва кога Марсеј го игра својот натпревар против Клермонт.
ПСЖ остана лидер на табелата со 54 бода.