Во првиот натпреварот од 15 коло на машката кошаркарска Прва лига, Работнички го декласира Гостивар со 35 поени разлика.

Иако требаше да биде дерби на колото, сепак на теренот во СЦ „Кале“ како да постоеше само една екипа, Работнички коj уште по првите две четвртини што го доби со 23-12 и 28-15, веќе на полувремето најави дека на овој меч Гостивар нема што да бара. И следните две четвртини домаќините беа оние што ги решија во своја полза 22-15 и 25-24, за на крајот сосема заслужено да слават со конечни 98-63.

Во вториот натпревар што веќе заврши, очекувано Пелистер како гостин славеше во дуелот против последно пласираната Струмица со 101-77.

Попладнево се играат уште две средби. Во Кавадарци, Еуро Никел е домаќин на ТФТ Моцарт во второто дерби од оваа рунда, додека во Куманово кај истоимената домашна екипа гостува Феникс.

Колото ќе биде заокружено во понеделник со средбата Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром.