Вториот дерби дуел до 15-тото прволигашко кошаркарско коло, го оправда приматот дерби.
Предводени од Александар Костовски кошаркарите на ТФТ Моцарт славеа победа на гостувањето во Кавадарци кај Еуро Никел со 73-69.

Уште по првото полувреме беше јасно дека двата тима се израмнети по квалитетот, па откако гостија го добија првиот период (17-14), вториот им припадна на домаќините (20-17), за на паузата меѓу двете полувремиња да се замине со израмнети 34-34.
Со само поен предност Кавадарчани влегоа во последната четвртина, откако третата ја добијна со 20-19.

Домаќините долг период ја одржуваа предноста во своја полза се до 63-62, кога му дозволија на противникот да направи мини серија од 5-0 што на крајот се покажа и како решавачка.

Ветеранот, Александар Костовски со 25 поени од кои 5 тројки беше прв странец на мечот и во гостинската екипа за која Батрик оствари дабл-дабл со 15 поен и 14 скокови.

На спротивната страна Планиниќ и Гавриловиќ постигнаа по 17 поени.

Екипата на ТФТ Моцарт со оваа победа изби на третото место на табелата зад Пелистер и МЗТ, а пред Гостивар кој попладнево беше декласиран од Работнички со 35 разлика, па дури и Кавадарчани го минаа гостиварскиот тим.