Екипата на Атлетико Мадрид е последниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Атлетико по пенал „рулетот“ го доби реванш осминафиналниот дуел со Интер и избори место меѓу осумте најдобри.
Регуларните 90+ минути завршија со 2:1 за Атлетико, а со миланските 0-1, вкупниот резултат беше 2-2. Во продолженијата немаше голови, па се пристапи кон изведување на пенали.
А, до нив.
Во првите 25.минути, домаќините постојано ја имаат иницијативата и напаѓаат, беше јалово без резултат. Најзрелата шанса ја имаше Мората во 28-минута кога не печен од никој биеше со глава право во рацете на Сомер.
Следуваше казна на спротивната страна. По брзата контра во 33.минута, Димарко се најде на вистинското место за водство на Интер од 1-0.
Само 90-тина секунди подоцна Атлетико стигна до израмнување преку Гризман 1-1 на полувремето.
Интер повеќе размислуваше како да ја сочува предноста и само беше прашање на време кога Атлетико ќе израмни.
Тоа се случи во 86-тата минута кога по проигрувањето на капитенот Коке, Мемфис Депај на елегантен начин погоди за водство од 2-1.
Во третата минута од судиското дополнение Рикелме промаши огромна шанса да го постигне третиот гол и да го одведе Атлетико во четвртфиналето.
Промашувањето значеше и дополнителни 30 минути игра, по кои резултатот остана не променет.
Во пенал „рулетот“ по мирни и по прецизни беа фудбалерите на Атлетико Мадрид кои погодија четири , наспроти двате реализации на Интер .
Така Атлетико Мадрид им се приклучи на: Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Ждрепката за четвртфиналната, но и полуфиналната рунда ќе се одржи во петок во Нион (12 часот)