Екипата на Борусија Дортмунд е претпоследниот, седми, тим пто обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Популарните „Милионери“ пред своите симпатизери со 2-0 го совладаа ПСВ во реванш дуелот, и со вкупни 3-1 ја добија осминафиналната пресметка.

Домаќините тргнаа силовито. По двете промашувања, третото беше среќно. Санчо во 3.мунута ја искористи нерешителноста на гостинската одбрана и биеше прецизно од 17-тина метри за водство на Борусија од 1-0.

„Милионерите“ создадоа уште две идеални шанси, но немаше реализација, па на полувреме остана 1-0.

Во вториот дел гостите од Холандија тргнаа со сите сили по израмнување. Сепак, одличен беше домашниот голман Кобел кој со неколку интервенции го спасуваше својот гол.

Борусија постигна уште еден гол во 77.минута, кога погоди Филкруг, но по сугестија од ВАР собата беше поништен поради офсајд.

Лук Де Јонг имаше голема шанса да израмни на 1-1, но не успеа да реализира. Тоа го казни ветеранот Марко Ројс со погодокот во судиското дополнение (90+5) и го завери пласманот на Дортмунд во четвртфиналето.

Последниот четвртфиналист ќе го дознаеме по дуелот во Мадрид каде Атлетико и Интер играа дополнителни 30 минути.