Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со својата екипа Абердин обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Шкотска.
Попладнево, Абердин пред своите симпатизери го совлада Килмарок со 3:1 во четвртфиналната рунда.
За половина час домаќините постигнаа два гола, преку МекГрат (11) и Шини (33). Гостите се вратија во игра преку Армстронг со голот во 41-минута намалувајќи на 1:2.
Иако Миовски не се впиша во листата на стрелците, сепак Македонецот честопати им задаваше „главоболки“ на противниците. Пласманот на Абердин во ТОП-4 го потврди Финдлеј со автогол во 63-тата минута.
Во полуфиналето, тимот на Абердин за противник ќе го има подобриот од дуелот Хоберниан – Глазгов Ренџерс што ќе се игра утре.