Немаше голема неизвесното кога во прашање се парите осминафинални натпревари во Лигата на Европа. Воглавно, фаворитите ја оправдаа улогата и славеа убедливи победи.
Исклучок е тимот на Баер Леверкузен кој во судиското дополнение се спасуваше од пораз кај Карабах. Домаќините имаа два гола предност по првиот дел на германскиот тим со голот на Шик (90+2) стигна до израмнување.
Најубедливите победи ги остварија Рома и Олимпик Марсеј кои со идентични 4-0 славеа во дуелите со Брајтон и Виљареал, пред своите симпатизери.
По шест гола беа постигнати на дуелите во Милано и Прага. Екипата на Милан со 4-2 ја победи Славија од Прага лиј градски ривал Спарта загуби дома од Ливерпул со 1-5.
Ефикасната вечер ја надополнија Бенфика и Глазгов Ренџерс кои одиграа 2-2, а само еден гол беше постигнат на дуелот Фрајбург – Вест Хем кој го доби германскиот тим.
Сите голови може да ги видите подолу, во продолжение.
Реванш натпреварите ќе се играат следниот четврток (14 март).
УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
прв натпревар
РОМА – БРАЈТОН 4-0
СПАРТА ПРАГА – ЛИВЕРПУЛ 1-5
МИЛАН – СЛАВИЈА ПРАГА 4-2
ОЛИМПИК МАРСЕЈ – ВИЉАРЕАЛ 4-0
БЕНФИКА – ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС 2-2
ФРАЈБУРГ – ВЕСТ ХЕМ 1-0
КАРАБАХ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 2-2
Одиграно вчера (среда)
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АТАЛАНТА 1-1