Прекината е низата од 15 победи сезонава на шампонот Ѓорче Петров. За тоа се погрижува ракометарките на Металург Автокоманда кои со гол во последната секунда останаа не поразени

Дербито од 16-тото коло од Супер лига меѓу Ѓорче и Металург заврши нерешено со 25:25.

Екипата на Ѓорче Петров на почетокот на натпреварот успеа да поведе со 3:1. Домашниот тим со серија 3-0 во 10-тата минута ја зголеми предноста на 5:2. Тие без проблем ја одржуваа оваа предност иако Металург се обидуваа да израмнат.

Металург даде напор и во 26-тата минута успеа да израмни на 8:8. Но, Ѓорче не дозволи да поведе Металург и веднаш возврати со гол за 9:8. На полувреме Ѓорче замина со минимално водство од 10:9.

Во втората половина домашната екипа со серија 2-0 успеа да поведе со 12:9. Гостите во неколку наврати се обидуваа да ја намалат негативата, па во 40-тата минута успеаја да намалија на 15:14. Ѓорче само ја зголемуваше предноста па во 44-та минута поведе со +4 (19:15).

Но, Металург не се откажа и во 56-тата минута со серија 5-0 успеа да израмни па потоа и поведе 22:21. Во последните четири минути од натпреварот се играше многу неизвесно и борбено.

Во последната минута следуваа неколку последователни гола од двете страни. На девет секунди пред крајот Ѓорче погоди за 25:24, но Гугуљанова во последната секунда успеа да израмни на 25:25.

Најефикасна од Ѓорче беше Николовска Анастасија со единаесет гола, додека од екипа на Металург Гулицоска Теодора постигна осум погодоци.

Така по петнаесетте победи во низа Ѓорчепетровки прв пат сезонава не успеаја да слават, но остануваат убедливо први на табелата. Металург е на делба на второто место со Чаир.

Табела: Ѓорче Петров 46 бодови, Чаир 40, Металург Автокоманда 40, Куманово 36, Вардар 31…

Ивона Кимовска