Во фудбалската Лигата на Шампионите, вечерва и утревечер ќе ги добиеме првите четири екипи што ќе се пласираат во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Ако се суди по резултатите на првите осминафинални натпревари, актуелниот првак Манчестер Сити и францускиот ПСЖ се најблиску до место меѓу осумте најдобри.
Двата тима имаат по два гола предност во дуелите со Копенхаген и Реал Сосиедад.

Парижаните гостуваат во Сан Себастијан каде отпатуваа со предност од 2-0, а за вечерва закажан е и дуелот во Минхен. Во него Баер ќе треба да надополни гол негатива од гостувањето во Рим против Лацио од кого загуби со 0-1.

Во среда покрај натпреварот во Манчестер каде Сити го пречекува Копенхаген со 2-0, вториот натпревар ќе се игра во Мадрид. Реал во дуелот со Лајпциг на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ќе влезе со минимална предност од 1-0 остварена во Германија.

Останатите четири реванш осминафинални натпревари ќе се играат на 12 и 13 март.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ (реванш)
5 март (21 часот)
БАЕРН МИНХЕН – ЛАЦИО (0-1 прв натпревар)
Р. СОСИЕДАД – ПСЖ (0-2)
6 март (21 часот)
МАНЧЕСТР СИТИ – КОПЕНХАГЕН (3-1)
РЕАЛ МАДРИД – ЛАЈПЦИГ (1-0)
———————
12 март (21 часот)
БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ (1-1)
АРСЕНАЛ – ПОРТО (0-1)
13 март (21 часот)
АТЛЕТИКО МАДРИД – ИНТЕР (0-1)
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПСВ (1-1)