Кога нема по македонските телевизии гледајте овде македонска кошарка!

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва го игра претпоследниот натпревар од европските квалификации, противник е Босна и Херцеговина.

Веќе подолг период, македонската репрезентативна кошарка ја нема на програмите на ниту една македонска телевизија.

Така ќе биде и во наредниот период, информираа од Кошаркарската федерација (КФМ).

Имено, КФМ ја продолжи соработката со медиумската ТВ куќа Спорт Клуб.

„Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub продолжува да ги пренесува „во живо“ натпреварите и на женската сениорска репрезентација на Македонија во вториот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот во 2023 година. Во рамките на 5. коло од групата „А“, Sportklub ќе го пренесува натпреварот БиХ-Македонија кој ќе се игра на 9. февруари (четврток) со почеток од 20.00 часот, во „Сабит Хаџиќ“ салата во Сараево. Предвидено е преносот од овој натпревар да се емитува на програмата на “Sportklub 3 HD“. За љубителите на кошарката, особено за женскиот сегмент, кои не се во можност да ги следат програмите на Sportklub, ќе може да го гледаат овој натпревар „онлајн“, преку каналот на ФИБА,
НАТПРЕВАРОТ МОЖЕ ДА ГО ФЛЕДАТЕ ОВДЕ