Првиот финалист во купот на Шпанија е тимот на Мајорка. Во реванш поли финалниот натпревар Мајорка, славеше на гостувањето ка Реал Сосиедад со 5:4 по подоброто изведување на пенали.
Регуларниот дел заври нерешено, 1:1, откако Мајорка поведе со голот на Џовани Гонзалес во 50-тата минута.
Најдобриот играч на домаќините Микел Ојазарабал, израни во 71. Минута. До кракот на 90-те минути, но и во дополнителните 30, немааше голови, па се изведуваа пенали.
А, токму Ојазарабал беше трагичарот за домашниот тим. Уште во првата серија од пенал „рулетот“ неговиот удар гостинскиот голман го одбрани. До крајот сите погодија, па Мајорка можеше да го слави своето прво финале по 20 години.
Кој ќе биде нејзин противник, во дуелот за трофејот закажан за 6 мај, ќе дознаеме утре.
Својот реванш полуфинален натпревар утревечер ќе го играат Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. Првиот го доби Билбао како гостин со 1:0.