Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го загуби и 12-тиот натпревар во Лигата на шампионите.
Вечерва на гостувањето во Германија кај Кил, пелистерци беа поразени до 29:23.
Домаќините го отворија мечот со 3:0, а Пелистер првиот гол го постигна на истекот на петата минута. Веќе во 23-тата минута Кил имаше двоцифрена предност (17:7), а на полувреме германскиот тим замина со +9 (19:10).
Вториот дел. Пелистер одигра многу подобро, го доби тој дел со 13:10, но тоа не беше доволно да се избегне поразот. На крајот Кил славеше со 29:23.
Елиас Елифсен Скипготу со 8 голови беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа. Кај битолчани Богдан Радивојевиќ постигна 6, додека Жарко Пешевски беше стрелец на четири гола.
Во следната рунда (13-та) Е. Пелистер ќе го одигра последниот натпревар пред својата публика. Во Битола на 28 февруари, ќе гостува данскиот тим Алборг.