Фудбалската Лига на шампиони денеска и утре нуди нови возбудувања. Откако минатата седмица се одигра првите четири натпревари од осминафиналната рунда, вечерва и утре на програмата се останатите четири.
На „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер кој е топ фаворит за „Скудетото“ во Серија А, го пречекува мадридски Атлетико.
Ако се суди според моментална форма, улогата на фаворити ја има Интер, кој во овој натпревар влегува со девет последователни победи. Избраниците на Симоне Инзаги немаат ниту пораз сезонава во Лигата на шампионите (3-3-0). Сепак, за разлика од Атлетико, во групната фаза „неро-азурите“ имаа една победа помалку (4-2-0).
Шпанскиот тим пак ќе „потпре“ на традицијата која вели. Атлетико во последните шест натпревари од елиминациските рунда против италијански екипи дури пет пати минал во следната рунда.
Тешко е да се очекува дека четвртфиналистот ќе биде решен вечерва во Милано, но мечот ќе даде насока за реваншот во Мадрид.
За разлика од Интер и Атлетик, патот до оваа осминафиналето беше потежок за ПСВ и Борусја Дортмунд . Посебно за холандскиот тим (2-3-1), кој едвај се избори против Ленс за место меѓу 16-те најдобри.
„Милионерите“ во „групата на смртта“ со Милан и ПСЖ, на крајот завршија први на табела со три победи, две нерешени и еден пораз.
Двата тима не може да се пофалат дека играат во фантастична форма, но Лигата на шампионите секако е инспирација сама за себе.
Натпреварите во Милано и Ајндховен ќе почнат од 21 часот.
Во истиот термин утревечер ќе се одиграа и првите дуели меѓу Наполи – Барселона и Порто – Арсенал