Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по 12-ти пат го освоија Купот на Македонија.
Во супер неизвесна завршница Ејасу Ворку со својот 12-ти поени им ја донесе победата на аеродромци на Пелистер со 62-60.
Покрај Американецот, со својата игра се истакна и Дамјан Робев кој со 13 поени, беше најефикасниот во победничката екипа.
Затоа и заслужено Робев го понесе признанието „МВП“ за најкорисен играч на финалето.