Екипата на Барселона со многу потешкотии дојде до триумф. Селта Виго се покажа како многу „тврд орев“, па едвај Барса дојде до победа со 2:1.

Во првиот дел Барса беше подобрата екипа. Играа поубав фудбал, па на полувреме заслужено заминаа со минимална предност од 1:0. Голот го постигна Роберт Левандовски во 45.та минута.

Во вториот дел многу брзо се сменија работите. Во 47.та минута Оскар Мингеза му асистираше на Иаго Аспас за изедначување. До крајот Селта се покажа како тврд орев за нападот на Барселона.
Голот беше толку маѓепсан што дури Роберт Левандовски не беше прецизен од 11 метри. Судијата го понови пеналот и тогаш Левандовски стрелаше прецизно.

Барселона по 25 одиграни кола има 54 бода дури 7 помалку од лидерот Реал Мадрид кој има 61 бод на 24 одиграни кола. Селта Виго секој бод им е добредојден бидејќи се на 17.та позиција. По 25 одиграни кола Селта има само 20 бода.