Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се освојувачи на Купот на Македонија за 2024-та.

Во финалето на 31-то издание чиј домаќин беше Битола, МЗТ во драматична завршница го совлада Пелистер со 62-60.

Шампионот подобро го започна натпреварот и ја доби првата четвртина со четири разлика (13-09). Во втората далек подобра игра на домаќините. Пелистер го доби периодот со 27-18 и на одмор замина со +5 (36-31).

Во третиот квартал Пелистер имаше и најголеми +8 (50-42), во во последниот влезе со само +3 (52-49).

Нервозата на двата тима особено во нападот беше најизразена во последната четвртина. Повеќе од три минути резултатот на семафорот беше 55-55. „Тесна“ завршница имаше се до крајот на натпреварот. Во последната 59.секунди се влезе со израмнети 60-60. Така беше и на 10.секунди пред крајот, во кои последниот напад го имаа аеродромци. Одговорноста ја презеде Американецот, Ворку кој поентираше 2,8 секунди до крајот за водство 62-60. Обидот на Костовски со тројка да донесе победа беше не успешен, па МЗТ можеше да се радува.

Така бадијала Александар Костовски остана најефикасен на натпреварот со 15 поени. Во победничкиот тим, Дамјан Робев постигна 13, Танасковиќ 12, а Ворку заврши со 12 поени.

За МЗТ Скопје Аеродром ова е 12-ти во Купот на Македонија, а вкупно 28-ми во мак-баскетот.