Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе го брани трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија, чија завршница се игра во Битола.
Во „вечното“ дерби МЗТ Скопје, во полуфиналето, беше подобар од Работнички со 81-76.
Откако аеродромци го отворија натпреварот со 7-0, кошаркарите на Работнички брзо се вратија во игра и поведоа со 11-12. На првата (мала) пауза, МЗТ замина со +4 (26-22). Во втората четвртина подобро отвори Работнички со 6-0, за водство 26-28. По, тајм-аутот сино-белите возвратија со серија 9-2 (37-30). На крајот на првиот дел МЗТ имаше пет предност 43-38.
Во второто полувреме, аеродромци се „одлепија“ на 12 поени разлика (55-43), но во Работнички брзо се врати во игра и дојде на поен негатива (56-55). Четвртината сино-белите можеа да ја завршија со двоцифрена предност, но Де Коси погоди тројка од половина терен (67-60).
Голема битка се водеше во последната четвртина, па во завршните 100.секунди до крајот МЗТ влезе само со поен предност 77-76. До крајот Работнички не постигна ниту еден кош, па МЗТ Скопје славеше со 81-76.
Во победничката екипа по 18 поени постигнаа Војдан Стојановски и Душан Танасковиќ кој додаде 11 скокови, а капитенот Дамјан и Ворку додадоа по 12.
Бадијала, Американците, Де Коси со 20 и Трајс со 19 поени беа најефикасните на натпреварот, кога Работнички остана без финале.
Кој ќе биде противник на МЗТ Скопје во утрешното финале (18 часот), ќе дознаеме вечерва по натпреварот Пелистер – Еуро Никел (19.30 часот).